Во Флор Декор разбираме ја важноста на индивидуалниот пристап при создавање на персонализирани ентериерни решенија. Нашиот професионален преглед вклучува прецизно земање на мерки и проценка на вашите уникатни барања. Овој пристап ни овозможува да испорачаме точни и персонализирани проекти кои ќе ги одразат вашите желби и просторни потреби.
Со Флор Декор ќе добиете индивидуално дизајниран ентериер, изработен со внимание на деталите и во согласност со вашиот стил.
Нашата професионална монтажа се изведува од наши сертифицирани вработени со долгогодишно искуство. Ние се придржуваме до високи стандарди, што е поткрепено со гаранција до 5 години, овозможувајќи ви сигурност и квалитетна изведба. Нашата цел не е само да продаваме производи, туку да ги решаваме вашите проблеми. Сакавме да ви обезбедиме спокојство, знаејќи дека вашите соништа ќе бидат реализирани на најдобар можен начин.
Најважното е што ние стоиме зад нашите ветувања и потпишуваме договор со секој клиент.
Фирмата Флор Декор е една од ретките компании на пазарот која речиси 100% нуди сопствена достава и распределба на сите производи од нашето богато портфолио. Со нас можете да бидете сигурни дека вашите нарачки ќе бидат доставени прецизно и навреме. Нашата цел е да ви обезбедиме сè – од нарачката до доставата и професионалната монтажа.
Во компанијата Флор Декор ќе добиете експертски совети за подни облоги, врати, мебел и ѕидна декорација.
Нашите сертифицирани експерти се на располагање за да ве насочат и помогнат во создавањето на ентериер што го одразува вашиот уникатен стил.
Кај нас ќе добиете личен асистент кој ќе ви помогне да донесете најдобрите одлуки.
ВИДЕО – КАКО ДА МОНТИРАМЕ ЅИДНИ ПАНЕЛИ LINERIO ДОМА
Можете да изберете лев или десен профил. Левиот, десниот и универзалниот завршен профил, како и основните панели Linerio, се монтираат исклучително лесно со монтажно лепило. Тие служат за почеток или крај од левата и десната страна, додека универзалниот профил најчесто се користи за завршување одозгора и одоздола.
СПЕЦИФИКАЦИИ НА ПРОИЗВОДОТ:
LINERIO M PLUS-LINE ДЕСЕН ЗАВРШЕН ПРОФИЛ
Профилот се користи за завршување на ламелните панели Linerio од десната страна. Монтажата на завршниот профил е брза и лесна. Едноставно исечете го до потребната должина и залепете го на ѕидот или таванот.Серијата вклучува и универзален завршен профил, кој може да се користи за естетско завршување на горниот и долниот раб на панелите.
LINERIO M PLUS-LINE ЛЕВ ЗАВРШЕН ПРОФИЛ
Профилот е наменет за завршување на ламелните панели Linerio од левата страна. Се совпаѓа со нив и по боја и по дебелина. Левиот профил е дополнување на аранжманот создаден со панелите Linerio M-Plus Line.Се монтира лесно. Едноставно се сече до потребната должина, а потоа се лепи на ѕидот или таванот.
Компанијата Флор Декор нуди и монтажа на овие панели доколку процените дека не можете сами да се справите.
Монтажот на оваа ѕидна декорација се утврдува по извршен увид и/или ако површината е помала од 5 м², се наплаќа минимум 5 м², во зависност од спецификите на објектот.
Вашата количка е празна.
ДО СИТЕ ПРОИЗВОДИ
Кодот за попуст ќе се примени на страницата за плаќање.